Канада воведува НЕУТРАЛЕН РОД: Ги укина формулациите "Татко" и "Мајка"

Канада одлучи термините "Татко" и "Мајка" да се заменат со "родители" во официјалните формулари, и има намера и од официјална кореспонденција да ги исфрли од употреба термините "Г-дин" или "Г-ѓа", освен ако тоа лице само не побара така да стои. 

"Владата на Канада одлучи да стави неутрален пол во сите негови форми", рече Матиер Филион,  портпаролот на Министерството за семејство.

Оваа одлука беше донесена бидејќи сегашните форми "не се прилагодени на денешните околности", објаснува Филион.

Целиот случај започна во јануари, кога хомосексуална двојка во Нова Шкотска сакала да се извади картичка за социјална заштита за нивните деца, во која би требало да се утврди кој е татко, а кој е мајката, изјави портпаролот.

Од сега па натаму, ќе бидат поставени само имињата на родителите. Во случај на писмен допис, канадската влада нема да почне со "Господине" или "Госпоѓо".

"Нема повеќе род, писмата ќе се испраќаат едноставно на име на лицето", рече Филион.

Во телефонски разговори, вработените во државните институции ќе треба да го започнат разговорот со прашањето како човекот сака да го ословуваат, објасни портпаролот на министерството.

Овие мерки се дел од политиката на либералната влада на премиерот Џастин Трудо, во која е еден од приоритетите борбата за родова рамноправност на национално и на меѓународно ниво.

Поврзани

Најнови вести

Коментари