logo
logo
logo

Канада: Срушени бистите на британските кралици (ВИДЕО)

Vecer | 02.07.2021

Канада: Срушени бистите на британските кралици (ВИДЕО)

Демонстантите ги срушија бистите на британските кралици Викторија и Елизабета Втора во Канада, пренесува Би-Би-Си, а се повеќе цркви горат во Канада, се зголемува гневот поради гробовите под католичките училишта

Бистата на кралицата Викторија е срушена во Винипег, главниот град на провинцијата Манитоба. Во нејзина близина била помала биста на кралицата Елизабета Втора, која исто така била срушена.

Уривањето на бистите е резултат на растечкиот гнев поради откривањето на гробници на децата под католичките училишта, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека полицијата уапсила едно лице користејќи електричен шокер, но додале дека протестот бил главно мирен.

Британската влада го осуди уривањето на бистите на кралиците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk