logo
logo
logo

Канада му воведе санкции на рускиот милијардер Лебедев, сопственикот на лондонски „Индипендент"

Vecer | 21.05.2022

Канада му воведе санкции на рускиот милијардер Лебедев, сопственикот на лондонски „Индипендент"

Лебедев е еден од 13-те нови лица кои се вклучени во последните санкции што Канада ги објави вчера, во кои се вклучени олигарси поврзани со режимот на рускиот претседател Путин.

Пакетот санкции, што опфаќа стоки во вредност од 75,7 милиони долари, вклучува забрана за одредени луксузни стоки од Русија, вклучувајќи кавијар, дијаманти и вотка. Канада, исто така, забранува производи што би можеле да се користат во производството на оружје во Русија.

Според „Глоб анд Мејл", меѓу санкционираните е и Глеб Франк, сопственик на една од најголемите руски риболовни компании, воедно и син на Сергеј Франк, поранешен министер за транспорт и поранешен извршен директор на „Совкомфлот", најголемата руска бродска компанија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk