СТОРИЈА: Историска приказна

Како Русите го стрелаа Џејмс Бонд во Москва

Бољшевизмот е крстен со крв... Неговите водачи се криминалци и убијци, рекол во една пригода Сидни Рајли. Тој бил агент на британската тајна служба и наводно го инспирирал Иан Флеминг да го создаде ликот на Џејмс Бонд

Антикомунистичкиот шпион Сидни Рејли, Советите го уапсиле на 27 септември 1925 година, а набргу потоа бил стрелан, пишува Руска реч. Иако животот на Рајли останува тајна, едно нешто е јасно – бил многу поврзан со Русија, од раѓањето оа се до обидот да го убие Ленин.

-Бољшевизмот е крстен со крв... Неговите водачи се криминалци и убијци, рекол во една пригода Сидни Рајли. Тој бил агент на британската тајна служба и наводно го инспирирал Иан Флеминг да го создаде ликот на Џејмс Бонд. Рејли имал руски корени и својот живот го посветил на борбата против режимот кој на власт дошол во 1917 година, но безуспешно, пишува Руска реч.

Една од малубројните работи кои ги знаеме за него е дека го мразел комунизмот. Инаку, не е познато каде е роден, ниту како станал британски државјанин.

Рејли раскажувал различни приказни за своето минато. Тврдел дека е ирски пастор или дека е потомок на руска аристократско семејство – а сето тоа во зависност од тоа со кого разговарал. Сепак, денес повеќето историчари се согласни дека бил роден во 1873 година, во еврејско семејство во Одеса, или некаде во западна Украина.

Неговото вистинско презиме е Розенблум, а иметоо... Едни извори велат Семјон, други Зигмунд или Георгиј. Розенблум во 1896 година дошол во Лондон, се оженил со Ирка и го променил идентитетот.

Сидни Рејли

Биографите на Рејли се уште расправаат за тоа дали Сидни бил британски шпион уште пред Октомвриската револуција. Тој самиот велел дека својата кариера во британската тајна служба ја започнал во 1890-тите, но историчарот Ендру Кук, автор на книгата "Шпионскиот ас: Вистинитата приказна за Сидни Рејли", сугерира дека лажел и дека всушност живеел како измамник со единствена намера да извлече пари.

Историчарите знаат дека не треба да се верува на се што зборувал Рејли, а зборувал дека во Руско-јапонската војна (1904-1905) шпионирал и за Британците и за Јапонците. Во 1906 година, додека живеел во Русија, се поврзал со руските револуционерни кругови и истовремено работел и за Британците и за Руското Царство.

Рејли секогаш внимавал неговата сметка во банката да биде добро наполнета: го обожувал својот раскошен стил на живот, жените и коцкањето. –Сметаме дека е несоодветен и нестабиле за наведената работа, рекол еден од агентите на британската тајна служба на почетокот од Првата светска војна.

Но, агентот стекнал доверба и кај Винстон Черчил и кај Менсфилд Каминг, првиот шеф на британската тајна организација која и претходела на МИ6. Во Лондон мислеле дека Сидни е харизматичен, храбар и вешт во својот занает. Така, во 1917 година, Рејли бил испратен во Русија.

Живеел инкогнито и успеал да врбува неколку важни двојни агенти. Освен тоа, Рејли некако дошол до лични исправи на Чека (ЧК), такната полиција на советска Русија, за да има пристап до Кремљ.

Одлучил дека најдобрата опција е да се обезглави бољшевизмот со елиминација на водачите – Владимир Илич Ленин и Лав Троцки.

Рејли заедно со други британски агенти испланирал државен удар. Се очекувало дека припадниците на Летонскиот одред кој ги чувал најважните лдиери на партијата ќе се пресврти со своето оружје против бољшевиците. Нивниот командант Едуард Берзин ветил дека тоа ќе го стори и зел 1,2 милиона рубљи.

Но, Берзин работел како провокатор и соработувал со Чека. Откако извлекол значителна сума пари од Британците, властите ја "откриле" заверата на британските дипломати и влегле во амбасадата. Рејли побегнал во Европа.

Неуморниот агент во 1918 година допатувал во Русија и поминал неколку месеци на југот од земјата каде биле концентрирани силите на Белата армија, обидувајќи се да го убеди Лондон да им помогне и воено и економски. Но, тие напори биле залудни. Белите ја загубиле граѓанската војна, а неколку години подоцна бољшевиците повторно ќе го откријат Рејли.

Во септември 1925 година тој ја преминал финско-руската граница за да се сретне со претставниците на антикомунистичката организација "Трест". Целата таа организација всушност била лажна. Била создадена од тајната служба ОГПУ (наследничка на Чека) како мамка за странските непријатели на СССР.

Без оглед на тоа што бил ас на сите шпиони, Рејли паднал во стапица. Се смета дека е ликвидиран во шума покрај Москва во ноември 1925 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари