logo
logo
logo

„Како на ФИЛМ“ - Зеленски ЗА МАЛКУ МОЖЕЛ ДА БИДЕ УБИЕН на почеток на војната

Vecer | 29.04.2022

„Како на ФИЛМ“ - Зеленски ЗА МАЛКУ МОЖЕЛ ДА БИДЕ УБИЕН на почеток на војната

Во интервју за магазинот „Тајм“, украинскиот претседател Володимир Зеленски опиша како руските сили биле блиску да го фатат или убијат во раните часови на инвазијата.

Зборувајќи со новинарот Симон Шустер, кој помина две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски опиша како руските војници биле блиску до пронаоѓање на него и неговото семејство додека се обидувале да ја заземат владината област во главниот град на првиот ден од конфликтот.

Додека многу од неговите сеќавања од тие први часови останаа „фрагментирани“, Зеленски рече дека времето пред зори на 24 февруари се издвојува. По почетокот на бомбардирањето, тој и неговата сопруга Елена Зеленска отишле да им кажат на своите ќерки (17) и синот (9) да се подготват за бегство од дома.

„Ги разбудивме. Беше гласно. Имаше експлозии“, изјави Зеленски за „Тајм“.

Украинската армија му кажала на Зеленски дека руски напаѓачки тимови од падобранци дошле во Киев да го убијат или заробат него и неговото семејство.

„Пред таа вечер такви работи гледавме само на филмови“, изјави за магазинот Андриј Јермак, шеф на неговиот кабинет.

Репортерот опишува дека пукањето избувнало околу владиниот округ кога паднала ноќта на првиот ден од војната. Стражарите во кругот ги исклучиле светлата и донеле панцири и автомати за Зеленски и десетина негови помошници. Еден од ретките функционери кои знаеле да користат оружје е Алексеј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба.

„Тоа беше апсолутно лудило, сите добија автоматска пушка“, изјави Арестович за Тајм.

Новинарот понатаму опишува дека руските војници двапати се обиделе да упаднат во комплексот додека семејството на Зеленски сè уште било внатре.

Следната ноќ, откако ги одби понудите за побезбедна средина, вклучително и евакуација на американските и британските сили што ќе му овозможат да воспостави влада во егзил, Зеленски излегол во дворот за да ја сними веќе позната видео порака на својот телефон. Зеленски тврди дека во тој момент навистина станал свесен за својата улога во војната. Тој вели дека сфатил дека тоа е симбол.

„Сфатив дека морам да се однесувам како што треба да се однесува шефот на државата“, изјави Зеленски за „Тајм“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk