logo
logo
logo

Како изгледа денес Тел Авив по ракетниот напад? (ВИДЕО)

Vecer | 15.05.2021

Како изгледа денес Тел Авив по ракетниот напад? (ВИДЕО)

Телевизијата Ал-Арабија на Твитер објави видео од последиците од ракетниот напад во областа јужно од Тел Авив.

Имено според нивното известување израелскиот одбранбен систем Железна купола пресретнал и уништил ракети на аеродромот Бен Гурион, а експлозиите можеа да се слушнат во Тел Авив.

Нова салва ракети беa испукани од Газа кон Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми.

Израелскиот новинар Барак Равид на Твитер објави дека Хамас истрелал најмалку 30 ракети кон Тел Авив и централен Израел. Повеќето ракети беа пресретнати од израелскиот одбранбен систем Железна купола, но неколку ракети го погодија градот Рамат Ган.

Израелската војска на Твитер објави видео од градот по ракетниот напад од Газа.

Додека Хамас ги ракетира израелските градови, израелската војска не запира со воздушните напади врз упориштата на Хамас и Исламски џихад во Газа.

„Нема да дозволиме овој терор да остане без одговор“, се вели во изјавата на ИДФ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk