logo
logo
logo

Како Хари и Меган СЕ ПРОСТИЈА ОД ПРИНЦОТ ФИЛИП

Vecer | 10.04.2021

Како Хари и Меган СЕ ПРОСТИЈА ОД ПРИНЦОТ ФИЛИП

Војводата и војвотката од Сасекс ги чека најмалку пет дена карантин ако се вратат во Велика Британија за погребот на дедото на Хари. Парот засега официјално не соопшти дали ќе присуствува на погребната церемонија.

Со оглед на тоа дека Меган е бремена, а односите со кралското семејство не се најдобри, се шпекулира дека можно е Хари сам да допатува.

Принцот Хари и Меган Маркл преку кратко соопштение му оддадоа почит на принцот Филип кој почина вчера на 99 години, два месеци пред неговиот 100-ти роденден.

Слично како што кралската официјална страна ги паузираше содржините во чест во починатиот војвода од Единбург, така и Хари и Меган ја објавија својата порака на почетната страна на нивната непрофитна организација „Арчевил“.

-Во знак на сеќавање на неговото кралско височество, војводата од Единбург, 1921-2021. Ви благодариме на службата, многу ќе ни недостасувате, гласи пораката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk