logo
logo
logo

Како Ел Чапо убива и од затвор?

Vecer | 25.05.2021

Како Ел Чапо убива и од затвор?

Непознати напаѓачи го убил шефот на полицијата во мексиканската држава Синалоа, Хоело Ернесто Сото, јавуваат мексиканските медиуми.

Сото бил убиен по серијата апсења на платени убијци од нарко-картелот на чие чело се наоѓал Хоакинг Гузман, наречен Ел Чапо.

Автомобилот во кој се наоѓал шефот на полицијата во државата Синалоа, Хоел Ернесто Сото, бил пресретнат и изрешетан од платени убијци, за кои мексиканската полиција тврди дека припаѓаат на нарко-кланот на Хоакин Гузман.

Автомобилот со кој управувал шефот на полицијата излетал од патот, каде напаѓачите го докрајчиле, соопштила полицијата, чии единици на местото на злосторството пристигнале половина час подоцна.

Групата платени убијци на картелот Синалоа биле уапсени во претходните две недели во серија акции со кои командувал Сото.

Мексиканските медиуми шпекулираат дека неговото убиство го нарачал токму Ел Чапо, кој во Америка е осуден на доживотен затвор поради серија убиства и шверц на дрога.

Мексиканските медиуми исто така наведуваат дека во таа држава во последно време се случуваат безмалку 100 убиства дневно, и дека претходната година биле убиени 34.600 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk