logo
logo
logo

Качински: Денес Германија по мирен пат сака да го постигне она што порано го сакаа со војна

Vecer | 04.12.2022

Качински: Денес Германија по мирен пат сака да го постигне она што порано го сакаа со војна

„Денес Германците сакаат со мирни средства да го постигнат она што некогаш сакаа да го постигнат со воена сила“, изјави вчера Качински во градот Легница на југот на Полска.

„Но, силата на Европа лежи во различноста и суверенитетот на земјите-членки, рече тој, додавајќи дека верува дека „ситуацијата во која втората по големина земја во ЕУ сака да доминира во Европа е пат кон криза и катастрофа“. Качински (73) нема никаква функција во владата, но важи за влијателен играч во полската политика.

Полска следната есен избира нов парламент, а рејтингот на актуелната влада на ПиС неодамна падна поради високата инфлација. Во своите говори низ јужниот полски округ Долна Шлезија, Качински веројатно се обидува да ги придобие гласачите преку антигерманска реторика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk