Јункер се надева на успех на договорот за брегзит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска повторно се огласи во врска со напуштањето на унијата од страна на Британија. Тој изјави дека не може да има нови преговори за нацрт-договорот за брегзит.

Во исто време, ЕУ и британската премиерка, Тереза Меј се обидуваат да најдат начин да го избегнат брегзит без договор.

Јункер изрази надеж дека Меј, и покрај тешкотиите со кој се соочува, ќе успее да го протурка договорот за време на гласањето во Парламентот, кое треба да се одржи следниот вторник.

Јункер рече дека не му се допаѓа идејата за брегзит без договор и дека тоа би било катастрофа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари