Јункер: Договор за брегзит до ноември

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер соопшти дека е можно да биде постигнат договор за Брегзит помеѓу самититот на ЕУ следната недела во Брисел и евентуалниот слседен самит на Унијата што ќе се одржи во ноември.

Тој рече дека ирското прашање останува спорно во однос на овој договор.

„Оние кои сите карти ги фрлаат на сценариото дека нема да има договор, не се во право. Ние мораме да дојдеме до договор. И мислам дека ќе го пронајдеме“, рече Јункер во интервју за францускиот весник „Монд“, пренесе „Ројтерс“.

Тој наведе дека ирското прашање очигледно е исклучително тешко.

„Точно е дека не се наоѓаме онаму каде би требало за да постигнеме договор. Во секој случај, доколку Ирска се најде во ситуација да не може да прифати одредени решенија, ние нема да дојдеме до заклучок ‘Ирска на прво место’“, рече Јункер не образложувајќи на што мисли.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари