logo
logo
logo

Јордан достави документи со кои се докажува палестинската сопственост на Шеик Џара

Vecer | 22.04.2021

Јордан достави документи со кои се докажува палестинската сопственост на Шеик Џара


Јорданскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ајман Сафади, во средата му достави на претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, документи со кои се докажува палестинската сопственост врз ерусалимскиот кварт Шеик Џара, објави новинската агенција „Вафа“.

„Ги обезбедивме сите документи што ги имаме, а кои можат да им помогнат на палестинските жители да ги зачуваат своите целосни права“, тврди Сафади, повикувајќи се на документите поврзани со сопственоста на домовите во Шеик Џара.

Сафад пренесе порака од јорданскиот крал Абдула Втори дека Аман ги поддржува палестинските парламентари избори. Тој истакна дека Јордан со сите свои можности ќе помогне да се постигне успешен изборен процес, повторувајќи дека изборите се неопходен и важен чекор преземен од палестинското раководство.

Јорданскиот претставник ја нагласи важноста на палестинското прашање за Јордан, што ќе остане фундаментално и што укажува на тоа дека Јордан ќе продолжи да ги поддржува Палестинците во добивањето на нивните легитимни права.

„Ерусалим е црвена линија за Јордан, кралот и нашиот народ, како што е црвена линија и за државата Палестина“, изјави Сафади, посочувајќи го отфрлањето од страна на Јордан на сите израелски мерки и обидите за промена на арапскиот, исламскиот и на христијанскиот идентитет на Ерусалим.

„Ќе се спротивставиме на секој обид да се наруши постојниот историски и правен статус на исламските и христијанските свети места во Ерусалим. Имаме една заедничка цел и визија“, изјави тој.

„Јордан и Палестина беа и ќе останат најблиски, а напорите на Јордан ќе бидат насочени кон поддршка на Палестинците и осигурување дека тие ќе ги постигнат своите легитимни права, особено правото на слобода и на независна држава бидејќи тоа е услов за постигнување безбедност, стабилност и регионален мир што сите го бараме“, додаде Сафади.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk