Јапонскиот премиер ќе ја посети Кина

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе месецов ќе отпатува во Кина во својата прва официјална посета на земјата по седум години, во знак на подобрување на односите меѓу регионалните ривали.

Билатералните односи меѓу Кина и Јапонија драстично се влошија во 2012 година откако Јапонија национализираше група ненаселени острови во Јужно Кинеското море кои Пекинг ги смета за свои.

Сепак, двете земји имаат силна економска соработка. Абе ќе ја оствари својата посета меѓу 25 и 27 октомври, а се очекува кинескиот претседател да ја посети Јапонија во блиска иднина.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи изјави дека заедничките напори на двете страни овозможиле зајакнување на билатералните односи. Јапонија, пак, се надева дека ќе оствари соработка на повеќе полиња и со тоа ќе ги подобри односите меѓу двете земји.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари