logo
logo
logo

Јапонија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца постари од 12 години

Vecer | 28.05.2021

Јапонија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца постари од 12 години


Јапонското регулаторно тело за здравство ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ за деца постари од 12 години, потврди денеска претставник на Министерството за здравство.

Овој потег, со кој се намалува сегашниот праг на имунизација од 16 години во Јапонија, следуваше по одобрувањето во САД и во други земји овој месец, со што се овозможува употреба на вакцината на „Фајзер“ кај адолесцентите, пренесува „Ројтерс“.

Американската компанија „Фајзер“ во средата објави дека таа и нејзиниот партнер „Бионтек“ почнале со тестирање на вакцината против Ковид-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат оти ќе ја прошират имунизацијата на таа возраст до почетокот на 2022 година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk