Првиот добитник на милион долари на лотарија со која Охајо ги наградува граѓаните кои се вакцинирани против коронавирусот е Абигејл Бугенски од предградиeто на Синсинати, објавија официјалните лица на американската федерална држава.

Првиот добитник на целосната школарина за јавниот универзитет во Охајо е тинејџерот Џозеф Костело од областа Дејтон, пренесува „Би-би-си“.

За наградата се пријавиле повеќе од 2,7 милиони возрасни, а за школарината повеќе од 104.000 деца на возраст од 12 до 17 години.

Иницијативата наречена „Вакс-а-милион“ беше покрената во средината на овој месец со цел да се надмине слабиот одѕив на вакцинацијата, што претставува проблем во САД.

Кабинетот на гувернерот на Охајо, Мајк де Вејн, соопшти дека вакцинирањето од 14 до 19 мај во споредба со неделата од 7 до 12 мај е зголемено за 94 проценти кај популацијата на тинејџери на возраст од 16 и 17 години, 46 проценти кај оние на возраст од 18 и 19 години и 55 проценти кај луѓето на возраст меѓу 20 и 49 години.

Гувернерот претходно најави дека добитниците на наградата ќе се извлекуваат еднаш неделно.

Само возрасни граѓани можат да учествуваат во трката за еден милион долари, а лицата на возраст под 18 години ќе имаат шанса да освојат целосна школарина за јавниот универзитет во Охајо.

Де Вин рече дека наградите ќе бидат исплатени од средствата за борба против коронавирус на федералната влада.

Во САД, која е водечка земја во светот според бројот на вакцинирани, барем една доза од вакцината примиле 58,7 милиони луѓе, додека во Охајо тој процент е 42 проценти.

Претседателот Џо Бајден претходно изјави дека целта на неговата администрација е да вакцинира 70 проценти од возрасните до 4 јули, Денот на независноста.


makfax.com.mk