logo
logo
logo

Извештај: САД е далеку најголем производител на пластичен отпад

Vecer | 02.12.2021

Извештај: САД е далеку најголем производител на пластичен отпад

Севкупно, САД создале околу 42 милиони тони пластичен отпад во 2016 година - повеќе од двојно повеќе од Кина и повеќе од земјите на ЕУ заедно, според извештајот на Националната академија на науките, инженерство и медицина. Соединетите Американски Држави сочинуваат помалку од 5 отсто од светското население.

Во просек, секој Американец генерира 130 килограми пластичен отпад годишно, а потоа следи Обединетото Кралство со 98 килограми. Во Франција, просекот е 43 килограми.

„Успехот на чудесниот изум на пластиката во 20 век, исто така, создаде глобална поплава од пластичен отпад, каде и да погледнеме“, пишува Маргарет Спринг, претседателка на Комитетот на експерти која го напишала извештајот нарачан од Конгресот на САД. Таа го нарекла проблемот еколошка и социјална криза.

Најмалку 8,8 милиони тони пластичен отпад завршува во океанот секоја година, приближно еден камион за ѓубре се истоварува во морето секоја минута, се објаснува во извештајот. Сета пластика, дури и онаа фрлена на земја, има потенцијал да заврши во океанот, се додава.

Со сегашното темпо, количината на пластика фрлена во океанот би можела да достигне 53 милиони тони годишно до 2030 година, што е половина од вкупната тежина на рибите фатени во океанот секоја година. Производството на пластика експлодира од 1980-тите, но не и рециклирањето, се вели во извештајот.

Се препорачува да се развие национална стратегија во Соединетите држави до крајот на 2022 година и да даде детали за повеќе насоки кои би можеле да го решат проблемот, како што е поставување ограничувања за производство на пластика што не може да се рециклира или развој на замена за пластика. Тоа е најсеопфатниот извештај за загадувањето со пластика досега објавен, рече Џудит Енк, претседател на Beyond Plastics.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk