logo
logo
logo

Израелската полиција ја запечати куќата на терористот кој уби седум лица во Ерусалим

Vecer | 30.01.2023

Израелската полиција ја запечати куќата на терористот кој уби седум лица во Ерусалим

Армијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим.

Безбедносните сили веќе им рекле на жителите да ја напуштат куќата веднаш по нападот во петокот вечерта. Во саботата полицијата објави дека се приведени 42 пријатели и познаници на Кари, објави „Тајмс оф Израел“.

Неговата куќа беше затворена неколку часа откако Високиот совет за безбедност донесе одлука за ова прашање.

Запечатувањето на куќите на напаѓачите често е замена или подготовка за нивно уривање.

Општо земено, процесот на уривање трае неколку месеци, бидејќи куќата мора да биде обележана, Високиот суд мора да одговори на жалбата на семејството, а безбедносните сили често чекаат оптимално време за да влезат во палестинските градови или населби за операции за уривање.

Мерката доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим. – Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. – Не сакаме ескалација, но подготвени сме за секое сценарио, додаде Нетанјаху. с

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk