logo
logo
logo

Израел повторно пукаше врз цели во Газа (ВИДЕО)

Vecer | 18.06.2021

Израел повторно пукаше врз цели во Газа (ВИДЕО)

Доцна синоќа Израел изврши воздушни напади врз појасот Газа, вторпат од воспоставувањето примирје по 11-дневната војна во мај.

Нема информации за можни жртви во нападите, а израелските воздухопловни сили ги продолжија своите напади рано утрово, насочени кон објектите на Хамас.

Во извештајот на воените власти се додава дека никој не е убиен или ранет.

Војската соопшти дека борбен авион доцна синоќа погодил „воени објекти и место каде што се испукуваат ракети“ како одговор на балоните со запалив материјал.

Покрај тоа, беше предупредено дека израелските сили се подготвуваат за „различни сценарија, вклучително и продолжување на борбените дејствија“.

По воздушниот напад се огласија ракетни сирени во населените места во близина на границата со Газа. Армијата подоцна соопшти дека тоа не е последица на ракетирањето.

Снимка од надзорните камери до кои дошол АП покажа дека во воздух било пукано, како што се чини, и од автоматско оружје, што се смета за можен обид на палестинските екстремисти да соборат израелски авион.

На друго видео се гледа дека се исфрлаат проектили од Газа, но не е јасно какви и каде паднале.

Тензиите се големи откако со примирје заврши војната на 21 мај, иако египетските посредници се состанаа со израелски и официјални претставници на Хамас во обид да го зајакнат неформалниот прекин на огнот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk