logo
logo
logo

Израел: Мажи на возраст од 16 до 30 години добиле воспаление на срцевиот мускул по вакцината на „Фајзер“

Vecer | 02.06.2021

Израел: Мажи на возраст од 16 до 30 години добиле воспаление на срцевиот мускул по вакцината на „Фајзер“


Израелското Министерство за здравство објави дека открило помал број на воспаленија на срцевиот мускул кај помлади мажи кои примиле вакцина на „Фајзер / Бионтек“.

Во Израел се откриени 275 случаи на миокардит во периодот од декември до мај, меѓу пет милиони вакцинирани лица, објави Министерството за здравство по направената студија за испитување на ова прашање, објави Ројтерс.

Повеќето пациенти кои имале миокардит не поминале повеќе од четири дена во болница а 95% од случаите биле класифицирани како лесни.

Во студијата стои дека постои можна врска помеѓу приемот на втората доза од вакцината на „Фајзер“ и појавата на миокардит кај мажи на возраст меѓу 16 и 30 години“, се вели во соопштението.

Според наодите од студијата, таквата врска е забележана повеќе кај мажите на возраст од 16 до 19 години, отколку во другите групи.

Од „Фајзер“ во изјавата велат дека се свесни за израелското откритие на миокардитот, но додаваат дека не е постои сигурна поврзаност со нивната вакцина.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатиот месец предложи понатамошна студија за врската помеѓу миокардитот и вакцините против МРН
на „Модерна“ и „Фајзер“.

Системите за надзор на амереиканскиот ценатр за контрола не пронајдоа поголем број на случаи, но советодавното тело препорача здравствените центри да бидат свесни за извештаите од потенцијални негативни ефекти.

Во пресрет на очекуваната одлука за започнување на вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години во Израел, Министерството за здравство издаде соопштение во кое нема препораки, но се наведува дека тим експерти ја испитуваат ситуацијата со цел да дадат препорака на министерот.

Израелските медиуми објавија дека програмата за вакцинација за деца може да започне во недела.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk