Израел ќе дозволи извоз на медицински канабис до крајот на годината

Израел најверојатно ќе дозволи извоз на медицински канабис до крајот на годината, изјави претседавачот со израелскиот парламентарен комитет за внатрешни работи и животна средина, Јоав Киш.

Министерството за финансии и здравство процени дека извозот би можел да донесе околу 268 милиони долари годишно, но дел од пратениците претходно го стопираа извозот на канабис кој се одгледува во Израел поради страв дека производството ќе донесе повеќе дрога на нивните улици.

Израел благодарение на поволната клима и експертиза во медицинските и земјоделските технологии е најголем светски произведувач на медицинскиот канабис, пренесе „Ројтерс“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари