logo
logo
logo

Израел ја напаѓа Газа од раните утрински часови

Vecer | 14.05.2021

Израел ја напаѓа Газа од раните утрински часови

Газа рано утрово се најде под силен артилериски оган. Вработен во Си-Ен-Ен од Газа пријавил артилериски, како и десетици воздушни напади.

Официјални лица на Обединетите нации во Газа изјавија дека десетици луѓе ги напуштија своите домови на северот и истокот од енклавата и побараа засолниште во училиштата кои припаѓаат на Агенцијата на ООН за помош на палестинските бегалци.

На само неколку километри оддалеченост, жителите на израелскиот град Ашкелон побегнаа во засолништата, додека сирените најавија нов воздушен напад.

Милитантите од Газа од понеделникот испукале над 1.750 ракети кон Израел, но многумина биле пресретнати од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.

Израел одговори со разорни воздушни напади врз Газа, убивајќи најмалку 109 лица досега, од кои 28 деца и 15 жени.

Израелската војска вчера доцна вечерта соопшти дека нејзините трупи влегле во појасот Газа како дел од тековната воена операција против палестинското исламистичко движење Хамас, но неколку часа подоцна објавија дека „во моментов нема израелски копнени сили во појасот Газа“ и дека воздушните и копнените напади врз цели во Газа продолжуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk