logo
logo
logo

Израел ги отвора плажите, вакцинирани речиси 4,5 милиони луѓе

Vecer | 19.03.2021

Израел ги отвора плажите, вакцинирани речиси 4,5 милиони луѓе

По ресторани, концерти и спортски сали, Израел сега ги отвора јавните плажи.

Во Тел Авив од утре се отвораат плажите на кои, наводно, ќе можат да дојдат невакцинирани лица.

Секоја година, плажите во градот привлекуваат повеќе од осум милиони луѓе. Годинава се очекува да има уште повеќе, со оглед на фактот дека повеќето Израелци ќе останат во земјата.

Оваа година ќе продолжи проектот „библиотека на плажа“, така што ќе може да се позајмуваат книги бесплатно на три плажи.

Според корисниците на социјалните мрежи кои живеат во Тел Авив, изнајмувањето чадор или столче ќе чини половина евро за жителите на Тел Авив, додека цената за гостите на градот ќе биде 2 евра.

Израелските власти објавија дека речиси 4,5 милиони луѓе биле целосно вакцинирани, додека позитивноста на тестовите е под два проценти, благодарение на агресивната кампања за вакцинација.

Министерството за здравство на Израел денес објави дека повеќе од пет милиони луѓе примиле барем една доза на вакцина, и дека позитивноста на тестовите е 1,9 проценти и дека нагло паѓа од јануари, кога била десет проценти, известуваат агенциите.

Бројот на сериозни случаи на Ковид-19 е помалку од 600, а во јануари достигна врв на 1.237. Од почетокот на пандемијата, повеќе од 820.000 луѓе биле заразени во Израел, а над 6.000 починале.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk