logo
logo
logo

ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ШКОТСКА СЕ ПРСТ ВО ОКО ЗА ЏОНСОН: Националистите освоиле мнозинство, Никола Штарџен ветила нов референдум

Vecer | 08.05.2021

ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ШКОТСКА СЕ ПРСТ ВО ОКО ЗА ЏОНСОН: Националистите освоиле мнозинство, Никола Штарџен ветила нов референдум

Шкотската партија која се залага за независност освоиле повеќе пратенички места во шкотскиот парламент на изборите, и им дава можност да го покренат прашањето за втор рферендум, напуштање на Велика Британија, јавува Ројтерс.

Спрема резултатите кои сеуште не се конечни Шкотската национална партија (СНП) и Шкотската партија на зелените, кои ветувале референдум за независност ако победат, освоиле 65 од 87 места од досега се преброени гласови за парламентарни изборите со вкупно 129 пратеници.

Премиерката на Шкотска и лидерка на Шкотската национална партија Никола Штарџен изјавила денес дека ќе истрае во плановите да се одржи нов референдум за независност на Шкотска, откако резултатите покажат дека нејзината партија ќе победи на парламентарните избори на, иако нема да има мнозинство.

“Во нормална демократска дебата, партија која на избори нешто ветува и ако победи мора да ги исполни ветувањата. Апсурдно е што во Шкотска имаме други партии кои се одлучни да блокираат партија или партии, кои добиле мандат“, рекла Штарџен за ББС.

Ова би можело да предизвика конфликт со британскиот премиер Борис Џонсон, кој одбива можност за такво изјаснување бидејќи како што рекол Шкотите веќе се определиле 2014 година да останат во Велика Британија, додава Ројтерс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk