logo
logo
logo

Италијански лекар на пациентите им давал лажна вакцина против Ковид-19

Vecer | 22.04.2021

Италијански лекар на пациентите им давал лажна вакцина против Ковид-19


Полицијата во Анкона испитува случај за лекар кој на пациентите им давал обичен физиолошки раствор наместо вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19, пишуваат италијанските медиуми.

Според досега достапните информации, лекарот на овој начин „имунизирал“ околу 30 пациенти, но не е исклучено да ги има и многу повеќе.

Истрагата е започната откако некои пациенти се посомневале во вакцинацијата затоа што лекарот избегнувал да им кажува со која вакцина биле имунизирани, ниту им пак им дал потврда за вакцинација.

Како што се наведува, полицијата допрва треба да го утврди точниот број на измамените, како и мотивите за ваквото однесување, а според portalot „Фанпејџ“, лекарот се бранел дека постапил на овој начин затоа што бил под притисок од некои луѓе да ги вакцинира, иако немал доволно дози.

Лекарот имал на располагање одредена доза на вакцини, но засега не е јасно каде завршиле вистинските.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk