logo
logo
logo

Италијанците размислуваат за производство на домашна вакцина против коронавирусот

Vecer | 24.02.2021

Италијанците размислуваат за производство на домашна вакцина против коронавирусот


Новата италијанска влада ја разгледува можноста за домашно производство на вакцини за да се забрза вакцинацијата, а производителите предупредуваат дека подготовките ќе траат со месеци.

Премиерот Марио Драги ја прогласи кампањата за вакцинација за приоритет, во својата прва официјална изјава, откако ја презеде функцијата минатата недела.

Претседателот на Фарминдустрија, Масимо Скакабароци, беше поканет на состанок со министерот за економски развој за да разговараат за домашното производство на вакцини. Скакабароци изјави дека италијанските компании можеби ќе можат да се приспособат за производство на одобрените лекови.

Тој сепак, истакна дека многу работи треба да се разгледаат и дека подготовките ќе траат со месеци.

„Дури и да ги најдеме потребните биореактори, вакцините би ги добиле дури четири до пет месеци од нивното активирање“, рече Скакабароци, додавајќи дека дотогаш би можел да ослабне и притисокот за зголемување на бројот на вакцините.

Сепак истакна, дека планот за домашно производство има смисла, меѓу другото и заради други епидемии.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk