logo
logo
logo

Италија: Со „астразенека“ ќе се вакцинираат и помлади од 60 години

Vecer | 04.05.2021

Италија: Со „астразенека“ ќе се вакцинираат и помлади од 60 години


Вакцината на „Астразенека“ може да се користи и за лица помлади од 60 години, изјави комесарот за вонредни состојби на Италија, Франческо Фиџуљуло, кој го координира планот за масовна вакцинација во земјата, пишува весникот „Фанпејџ“.

Ова е сосема спротивно на претходниот став на здравствените власти во Италија, кои ја користеа британско-шведската вакцина само за лица постари од 60 години, бидејќи за време на масовната имунизација со тој лек имаше неколку случаи на атипична тромбоза што заврши со смрт.

Намерата ја потврди и претседателот на италијанската агенција за лекови АИФА, Џорџо Палу, кој објасни дека не постои забрана за употреба на „Астразенека“ за лица помлади од 60 години, но дека тоа е само препорака на европската агенција за лекови ЕМА, која „некој“ ја протолкувал како забрана.

Во секој случај, Италија се подготвува да ги имунизира помладите со оваа вакцина, што, како што пишуваат весниците, е важно, бидејќи влегува во фаза кога работниците треба да бидат заштитени, а во таа група се најбројни лица до 60 години годишна возраст.

Според изјавата на комесарот Фиџуљуло, до јуни се очекуваат во Италија 32 милиони вакцини на „Фајзер“, 55 милиони на „Џонсон“ и „Модерна“, како и 10 милиони на „Астра зенека“.

Во Италија, оние кои сакаат да се вакцинираат не можат да изберат со која вакцина ќе бидат имунизирани, а се користат само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови.

Пред еден месец, Државниот институт за истражување и клиниката „Спаланчани“ потпиша договор за клиничко испитување на руската вакцина „спутник В“, но и покрај инсистирањето на некои политичари, како лидерот на Лигата, Матео Салвини и претседателот на регионот Кампањата, Виченцо де Лука, да се забрза договорот за употреба на рускиот лек, тоа сè уште не се случило.

Весникот „Ла Верита“ пишува дека премиерот Марио Драги лично го повикал институтот „Спаланчани“ да ги прекине експериментите со руската вакцина. Оваа вест, од круговите на владата на премиерот Марио Драги, не е потврдена.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk