Во голем број региони во Италија за три дена, односно в понеделник, повторно ќе бидат отворени рестораните, баровите и кината. Со ова, владата полека ги укинува ограничувањата во областите со ниска стапка на нови случаи на заболени со коронавирус.

Четиринаесет од 20-те италијански региони, вклучувајќи ги и Лацио со седиште во Рим и Ломбардија со седиште во Милано, ќе станат умерено ризични жолти области од 26 април, откако со недели беа обележани како портокалови или црвени области со поголем ризик.

Оваа промена ќе им овозможи на рестораните и баровите да ги отвораат терасите. Исто така, ќе бидат отворени кината, театрите и концертните сали, но со ограничувања на можниот број посетители.

Италија, која има најголем број смртни случаи од коронавирус во Европа, воведе строги ограничувања минатата есен, за време на вториот бран на епидемијата.

makfax.com.mk