logo
logo
logo

Италија е погодена од најголема суша во последните седум децении, прогласена вонредна состојба

Vecer | 23.06.2022

Италија е погодена од најголема суша во последните седум децении, прогласена вонредна состојба

Неколку италијански региони веќе прогласија вонредна состојба за да обезбедат пари за борба против кризата во снабдувањето со вода, а здруженијата на земјоделците предвидуваат остар пад на производството во клучните делови на земјата.

„Комбинацијата од најлошата суша во изминатите неколку години и температурите, кои достигнаа 40 степени Целзиусови пред крајот на јуни, ја води Италија кон драматична еколошка и економска ситуација“, објави АНБИ.

Реката По, најдолгата река во Италија, која минува низ големи региони на север и обезбедува услови за околу една третина од италијанското земјоделско производство, има најнизок водостој во последните седумдесет години.

„Нивото на водата долж целиот тек на По се уште е најниско од следењето на податоците. За да се спречи навлегување на солена морска вода и оштетување на земјоделските површини, протокот треба да биде 450 сантиметри во секунда.

Во големите езера на северот на земјата, водата веќе се спуштила под рекордно ниското ниво или е блиску до него, а нагло паѓа во природните акумулации во централна Италија. Нивото на водата во Тибар е на најниско ниво во последните неколку години, а во Аниен протокот е преполовен.

Лацио прогласи вонредна состојба оваа недела и ја ограничи потрошувачката на вода во некои општини. Граѓаните не смеат да ги полеваат градините или да полнат базени.

Учесниците во проектот финансиран од Европската вселенска агенција објавија дека температурата на морската вода во површинскиот слој на Средоземното Море е околу четири степени Целзиусови над просекот отколку во периодот 1985-2005 година.

„Сè поважно е да се разбере што точно се случува со климата бидејќи промените почнуваат значително да влијаат на секојдневниот живот“, објаснува Џанмарио Санино, раководител на агенцијата за климатско моделирање ENEA, која учествува во проектот.

Ниту прогнозите не се утешни бидејќи температурите следната недела би требало да бидат за 10 до 12 степени повисоки од вообичаените за овој период од годината, а на Сардинија и Сицилија до 44 Целзиусови степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk