Она од што се плашеше Брисел, се случи...

Италија доби нова влада – десничарска

 Францускиот "Фигаро",  владата на Движењето "Пет ѕвезди и крајната десничарска Лига го вртат грбот на штедењето и "диктатите" од Брисел

Ни Салвини, ни Мајо... Трета личност ќе биде премиер на Италија

Лидер на италијанската антимиграциското расположение на Лига, Матео Салвини, изјавил дека денеска со Движењето "Пет ѕвезди" постигнале договор за формирање на нова влада, истовремено отфрлајќи го предупредувањето на францускиот министер за економија дека новата влада во Рим би можела да ја загрози стабилноста на еврозоната.

Салвини им рекол на новинарите дека со лидерот на Дижењето "Пет ѕвезди" Луиџи ди Мајо се согласил во врска со кандидатот за премиер и министерските места, пренесува Блумберг.

Салвини навел дека ни тој ни Ди Мајо нема да бидат на местото премиер, но не открил ниедно име кога станува збор за кандидатот, напоменувајќи само дека листата опфаќа "неочекувани" предлози.

Спрема неговите збориви, Ди Мајо во понеделник ќе го претстави предлогот за новата влада на претседателот на Италија Серџо Матарели.

Францускиот министер Бруно ле Мер истакнал дека "сите во Италија мора да сватат дека иднината на таа земја е во Европа и на никое друго место, а за да биде во Европа, постојат правила кои мора да се почитуваат".

Салвини по пат на Твитер реагирал на изјавата на францускиот министер, велејќи дека такво предупредување е "неприфатливо мешање".

- Италија на прво место – напишал Салвини.

Францускиот "Фигаро" навел дека договор за влада на Движењето "Пет ѕвезди и крајната десничарска Лига го вртат грбот на штедењето и "диктатите" од Брисел.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари