Се случи и тоа: Средба на Трамп - Ким која ја очекуваше светот

Историски состанок во 38 минути...

Трамп рекол дека разговорите поминале "подобро отколку што се очекуваше"

Состанокот и ракувањето во Сингапур, американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун испишаа нова страница во историјата.

Доналд Трамп стана првиот актуелен лидер на САД, кој се состана со севернокорејскиот лидер.

Ракувањето на двајцата лидери го смени текот на историјата, оценува ББС

Белата куќа навела дека тет-а-тет состанокот Трамп и Ким траел 38 минути.

После работниот ручек со претставниците на делегациите на двете земји американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун прошетале по паркот на луксузниот хотел во кој се одржале разговорите.

Трамп за новинарите рекол дека сега следи потпишување на договорот. Засега нема информации за тоа што може да биде потпишано ни какви договори се постигнати.

Трамп за време на кратаката прошетка околу хотелот Капела рекол дека разговорите поминале "подобро одколку што се очекуваше"

Поврзани

Најнови вести

Коментари