logo
logo
logo

Источниот дел на САД зафатен од смог и влошен квалитет на воздухот од шумските пожари во Канада

Vecer | 07.06.2023

Источниот дел на САД зафатен од смог и влошен квалитет на воздухот од шумските пожари во Канада

Препораки за квалитетот на воздухот стапија во сила синоќа во неколку региони на државата Њујорк. Училиштата во градот Њујорк вчера попладне објавија дека во среда се прекинати сите надворешни активности поради влошениот квалитет на воздухот. 

Смогот доаѓа од раширените шумски пожари во канадските провинции Квебек и Нова Шкотска, каде пожарникарските служби се борат за нивно санирање. 

Според мерењата на IQAir, швајцарска фирма за мониторнг, Њујорк ноќеска бил на второ место по влошен квалитет на воздухот во светот, додека Детроит бил на трето место.  

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, со совет на Твитер до сите кои имаат проблеми со дишењето порача луѓето да се обидат да ги ограничат „излегувањата надвор, освен ако е најнеопходно“. 

Џадот од пожарите во Канада дојде и до централниот Запад на САД, од долината Охајо па сѐ до двете Каролини на југот од земјата. Препораки за лошиот квалитет на воздухот од вчера има во југоисточна Минесота, делови од горниот дел на полуостровот на Мичиген, како и во повеќе од 60 окрузи во Висконсин. 

- Џадот и замагленоста од шумските пожари во источна Канада ќе продолжат во регионот и вечерва, се вели во пораките на временските прогнозери од Националнитa метереолошка служба на САД. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk