Исламската држава презеде одговорност за нападот во Кабул

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот акт во Кабул, во кој, според последните податоци, загинаа 29 лица, а уште 52 се повредени.

Според информациите, експлозијата одекнала во западниот дел на Кабул во близина на шиитски храм.

Нападот се случил за време на одбележувањето на празникот Нору, со кој се означува почетокот на персиската Нова година, објави „Ројтерс.“

Според локалните медиуми, повредените се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари