logo
logo
logo

Исламисти нападнале хотел во Могадишу, има загинати (ВИДЕО)

Vecer | 19.08.2022

Исламисти нападнале хотел во Могадишу, има загинати (ВИДЕО)

Нападот на хотелот Хајат предизвикал жестока размена на пукотници меѓу безбедносните сили и вооружените лица од џихадистичката група што сè уште е внатре во зградата, изјави за AFP безбедносниот претставник Абдукадир Хасан.

„Огромна експлозија одекна неколку минути пред вооружените напаѓачи насилно да влезат во хотелот“, рече Хасан.

„Засега немаме детали, но има жртви, а безбедносните сили сега се борат со непријателот внатре во зградата“, додаде тој.

Очевидци изјавиле дека втората експлозија се случила пред хотелот неколку минути по првата, при што загинале спасувачите и безбедносните сили и цивили, кои се упатиле на местото на настанот по првата експлозија.

„Областа сега е опколена и има размена на оган меѓу безбедносните сили и вооружените лица“, изјавил еден од сведоците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk