logo
logo
logo

Искусен имунолог: Меркел, користете ја вакцината на „Астра Зенека“ и за постари од 65 години!

Vecer | 28.02.2021

Искусен имунолог: Меркел, користете ја вакцината на „Астра Зенека“ и за постари од 65 години!

Искусен германски имунолог ја повика неговата земја да ја смени одлуката и да дозволи вакцината на „Астра Зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ да се употребува и за лицата постари од 65 години, а комисијата за имунизација на Германија, пак, веќе ја разгледува препораката, пишува „Би-би-си“.

Карстен Вацл, првиот човек на германското Здружение за имунологија, предвидува дека регулаторните тела ќе мора да ја повлечат одлуката.

„Мислам дека Германија наскоро ќе го промени курсот. Знаеме дека вакцината е ефикасна кај таа возрасна група. Неодамнешните податоци од Шкотска покажуваат вакцината предизвикува имунолошки одговор, со неа возрасните лица се заштитени од развивање тешка слика“,вели тој во интервју за „Би-би-си“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Астра Зенека“ и „Оксфорд“ во јануари за сите возрасни групи, но Германија е една од неколкуте земји во ЕУ кои изразија сомнеж во нејзината ефикасност кај повозрасните и затоа одлучи да не ја користи за лицата постари од 65 години. Германскиот здравствен систем прими 1,17 милиони дози од оваа вакцина, а досега се искористени нешто помалку од 300 000.

Иста препорака дадоа и регулаторните тела во Франција и Италија, оправдувајќи ја со недоволни податоци за ефикасноста кај оваа категорија граѓани.

Истражувањето од Шкотска кое ги побива сомнежите на овие земји за ефикасноста, и на кое се повикува германскиот имунолог, покажало дека по четири недели од примањето на првата дека на вакцината, хоспитализацијата на заболените од ковид-19 е намалена за 85% и 94% кај лицата кои биле вакцинирани со вакцините на „Фајзер“ и на „Астра Зенека“. Кај лицата над 80 години, бројот на прими во болница е намален за 81%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk