logo
logo
logo

Исак Херцог е новиот претседател на Израел

Vecer | 02.06.2021

Исак Херцог е новиот претседател на Израел


Исак Херцог, претседател на Еврејската агенција и поранешен лидер на израелската Лабуристичка партија, денес е избран за нов претседател на Израел во парламентот Кнесет.

За него гласаа 87 од 120 пратеници.

Исак Херцог (60) ја победи Миријам Перец (67) по професија учителка и предавач по јудаизмот и ционизмот.

Иако вчерашната анкета во Кнесет покажа дека Перец е фаворитка за која израелските медиуми наведуваат дека е приклонета на десницата, како и повеќето Евреи од нејзината генерација кои се доселиле во Израел од Блискиот Исток, таа денес доби само 26 гласа, а шестмина пратеници беа воздржани, објавија израелските медиуми.

Херцог ќе го наследи Рувен Ривлин, чиј мандат истекува на 9 јули.

Тој ќе биде првиот претседател на Израел чиј татко беше и шеф на еврејската држава: Хаим Херцог беше претседател на Израел од 1983 до 1993 година.

Таткото на Херцог, Хаим, беше амбасадор на Израел во ООН пред да биде избран за претседател на Израел.

Неговиот близок братучед Аба Ебан беше првиот министер за надворешни работи на Израел и амбасадор во ООН и САД, а неговиот дедо беше првиот главен рабин во Израел.

Изборот на нов претседател на Израел, чија улога во политиката на земјата е претежно церемонијален, се одржа на денот кога истекува рокот за формирање на новата влада, што може да стави крај на долгото владеење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху веднаш му честиташе на Херцог и му посака среќа во име на сите граѓани на Израел.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk