logo
logo
logo

Иранскиoт министер за надворешни работи ја откажа посетата на Виена поради израелското знаме

Vecer | 15.05.2021

Иранскиoт министер за надворешни работи  ја откажа посетата на Виена поради израелското знаме


Иранскиот министер за надворешни работи ја откажа средбата со неговиот австриски колега за да го изрази неговото незадоволство од владата на канцеларот Себастијан Курц, кој го подигна израелското знаме во Виена за поддршка на земјата, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф требаше да се сретне со Александар Шаленберг, но тој го откажа своето патување, изјави портпаролката на австрискиот министер, потврдувајќи ги написите во весникот „Ди Пресе“.

„Жалиме за тоа и го имаме до знаење, но јасно ни е дека кога Хамас испука повеќе од 2.000 ракети врз цивилни цели во Израел, дека не можеме да молчиме“, рече портпаролката.

Бранот насилство доаѓа во време кога Виена преговара за повторно активирање на договорот од 2015 година со западните сили во кој Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од тој договор во 2018 година, по што Иран повторно започна да збогатува ураниум на нивоа забранети со договорот.

Про-израелскиот премиер Курц го нарече поставувањето на израелското знаме на зградата на владата во петокот како чин на солидарност во време на насилен конфликт. Овој потег беше критикуван и од Абас Аракчи, водачот на иранската делегација на разговорите во Виена.

„Виена е седиште на Агенцијата за нуклеарна енергија и Обединетите нации, а Австрија досега беше добар домаќин на преговори“, напиша Аракчи.

“Шокантно и болно е да се види знамето на окупаторскиот режим, кој брутално уби неколку десетици невини цивили, вклучувајќи и многу деца, во зградите на владините канцеларии во Виена за неколку дена. Ние стоиме покрај Палестина”, додаде тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk