Иранскиот авион се урнал 50 минути по полетувањето

Во авионот што денеска се сруши во Иран загинаа сите 66 лица кои се наоѓаа во леталото.

Авионот „АТР-72“ на „Асеман ерлајнс“, што леташе од Техеран кон градот Јасуџ во југозападен Иран, се сруши во близина на планинскиот регион Семиром, околу 620 километри јужно од Техеран. Јасуџ се наоѓа на 780 километри јужно од иранската престолнина.

Портпаролот на „Асеман ерлајнс“ прецизираше дека во авионот се наѓале 60 патници, меѓу кои и едно дете, и шест членови на екипажот. Државната „Прес ТВ“ јави дека леталото исчезнало од радарот 50 минути по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Иранскиот Црвен крст соопшти дека ги распоредил своите претставници во областа во која падна авионот.

Авионот кој се сруши е машина со два турбо-мотори која се користи за регионални летови на кратки дестинации,

Под повеќедецениски меѓународни санкции, иранската флота на патнички авиони е застарена, а авионски несреќи изминативе години се случуваат релативно често.

Откако во 2015-та година постигна нуклеарен договор со светските сили, Иран потпиша договори со „Ербас“ и „Боинг“ за купување на поголем број патнички авиони.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари