Ове Еу не го очекуваше, особено по санкциите од САД

Иран со ултиматум до ЕУ!

Европските, потписници на нуклеарниот договор со Иран, имаат рок до 31 мај да изнесат план со кој ќе го надоместат неодамнешното повлекување на САД од договорот

Европските, потписници на нуклеарниот договор со Иран, имаат рок до 31 мај да изнесат план со кој ќе го надоместат неодамнешното повлекување на САД од тој договор и нивните нови санкции, изјавил висок ирански претставник за Ројтерс.

Американската АП пренесува дека Иран, ако не добие конкретни гаранции дека економаките ставки потпишани во договорор не бидат заштитени, ќе се повлечат од договорот.

АП исто така наведува дека иранскиот претставник, зборувајќи под услов да остане анонимен, рекол дека одлуката на Иран за останување или напуштање на договорот "зависи од преостанатите учесници на Заедничкиот сеопфатен акционен план (ЈЦПОА), ако тие успеат да го компензираат отсуството на на САД во договорот".

Претставникот рекол дека во теорија договорот може да опстане и без САД, но нагласил: "Не сум сигурен дека може и во пракса".

Иран договорот го потпишал 2015 година со шест големи сили, вклучувајќи ги САД, кој подразбира ублажување на санкции на Техеран во замена за пркин во развивање на нуклеарната програма на таа земја.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај објави повлекување на САД од нуклеарниот договор.

Дипломатите на државите кои останале при договорот, Британија, Франција, Германија и Русија, денеска 25 мај, се состанале на формалн состанок прв пат без САД после нивното повлекување од договорот.

Тие сметаат дека можност за спасување на договорот е ограничен после најавата на Вашингтон за уште поостри мерки против Техеран.

"Да бидам искраен, не сме сигурни, ги пренесува Ројтерс зборовите на неименуваниот претставник воочи на денешните преговори.

Тој рекол дека Иран од европските сили бара пакет економски мерки до крај на мсецот како накнада за повлекување на САД од нуклеарниот договор.

"Очекуваме пакетот да го добиеме до крајот на месецот", рекол и додал дека Техеран во наредните неколку недели ќе реши дали ќе остане потписник на договорот.

Спрема неговоите зборови, европските мерки во голем дел се потребни како би се осигурал извозот на нафтата да остане во истиот обем, а системот на пораки за меѓународните уплати СВИФТ во иднина да функционира во Иран.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари