logo
logo
logo

Иран со порака- Ќе го почитуваме нуклеарниот договор само кога САД ќе ги укинат санкциите

Vecer | 26.06.2021

Иран со порака- Ќе го почитуваме нуклеарниот договор само кога САД ќе ги укинат санкциите


Иран ќе се врати на почитувањето на ограничувањата од нуклеарниот договор во 2015 година само по укинувањето на американските санкции, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.

„Ние сакаме укинување на санкциите на САД, Техеран треба да го потврди тоа, а потоа Иран да продолжи да го почитува договорот. Останува на Вашингтон, а не на Техеран, да донесе одлука “, рече Саид Хатибзаде.

Претставник на американскиот Стејт департмент во петокот рече дека Иран треба да се врати на соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) без одлагање, така што набљудувачите на Обединетите нации ќе можат да следат дали земјата од Блискиот исток го почитува договорот што го постигна со светските сили.

Агенцијата на ООН во петокот побара од Иран брз одговор дали ќе го продолжи договорот за надзор кој истече во петокот вечерта.

Иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија, Казем Гарибабади, рече дека Иран не е должен да одговори на барањето на агенцијата, пренесуваат иранските агенции.

Иран и шест светски сили, потписнички на договорот со кој Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции, ги одложија разговорите за враќање на договорот кон крајот на минатата недела, за да можат сите страни да се консултираат во нивните главни градови.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот, по што Иран започна да ги надминува ограничувањата наметнати од неговата нуклеарна програма.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во петокот рече дека враќањето на нуклеарниот договор со Иран е на дофат.

Актуелниот претседател Џо Бајден е подготвен да се врати на договорот, но бара Исламската Република целосно да ги почитува одредбите од договорот од 2015 година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk