Иран: Смената на Тилерсон значи дека САД го напуштаат нуклеарниот договор со Техеран 

Иранската дипломатија проценила дека смената на шефот на американската диппломатија Рекс Тилерсон значи дека САД се одлучиле да го напуштат меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, пренесува агенцијата Исна.

„Промената во Стејт Департментот е спроведена со таа цел, или тоа е барем еден од причините“, изјави заменик шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, коментирајќи ја смената на Тилерсон, кој ќе го замени досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, кој се залага за поостар однос кон Иран.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари