logo
logo
logo

Иран организира втора воена вежба во неколку дена за проверка на борбената способност

Vecer | 04.02.2025

Иран организира втора воена вежба во неколку дена за проверка на борбената способност

Иран организираше втора голема вежба во последните денови за тестирање на борбената способност на своите единици за противвоздушна одбрана, јави ДПА.

Во југозападниот дел на Исламската република армијата вежбаше откривање, следење и уништување цели, наведува агенцијата Тасним.

За време на маневрите беа користени и радарски системи од сопствено производство.

Во текот на изминатите неколку месеци, воените тензии меѓу Иран и неговиот главен непријател Израел ја зголемија загриженоста во Исламската Република дека може да избие војна.

Израелската влада постојано се закануваше дека ќе ги бомбардира иранските нуклеарни локации поради стравувањата дека Техеран може да се обиде да набави нуклеарно оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk