logo
logo
logo

„Иран Хјуман Рајтс“: Во два затвора во градот Караџ вчера егзекутирани 29 затвореници

Vecer | 08.08.2024

„Иран Хјуман Рајтс“: Во два затвора во градот Караџ вчера егзекутирани 29 затвореници

Егзекуциите биле извршени во два затвора во градот Караџ, во близина на главниот град Техеран, соопшти иранската организација за човекови права, чие седиште е во Осло.

Егзекутираните 29 мажи, меѓу кои и двајца Авганистанци, биле осудени за убиства, трговија со дрога и силувања, соопшти групата.

Иран засега ниту ја потврди, ниту ја демантираше, информацијата.

Меѓутоа, правосудните органи објавија дека вчера бил погубен иранскиот активист со курдско потекло Реса Р., кој бил обвинет дека прободел припадник на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда за време на протестот во западната провинција Керманшах, во ноември 2022 година. Властите соопштија дека тој го признал делото, но членовите на семејството рекоа дека признанието било дадено под принуда.

Според Амнести интернешнал, Иран во текот на минатата година извршил 853 смртни казни, што е најголем број егзекуции од 2015 година.

Серијата егзекуции поврзани со масовните протести што го потресоа Иран кон крајот на 2022 година, предизвикаа критики од меѓународната заедница. Досега е потврдено дека се извршени смртните казни на најмалку девет демонстранти, забележува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk