logo
logo
logo

Иран ја покажа својата прва хиперсонична ракета „Фатах“

Vecer | 06.06.2023

Иран ја покажа својата прва хиперсонична ракета „Фатах“

Веста ја објави официјалната агенција ИРНА, а новиот балистички проектил најверојатно ќе ја зголеми загриженоста на Западот за ракетните способности на Техеран.

Иранските државни медиуми објавија слики од проектилот, наречен Фатах, на церемонија на која присуствуваа претседателот Ебрахим Раиси и највисоките команданти на елитната иранска Револуционерна гарда.

Хиперсоничните проектили можат да летаат со најмалку пет пати поголема брзина од брзината на звукот и на сложени траектории, што го отежнува нивното пресретнување. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk