logo
logo
logo

Иран го претстави првиот хиперсоничен балистички проектил, западните земји загрижени

Vecer | 06.06.2023

Иран го претстави првиот хиперсоничен балистички проектил, западните земји загрижени

Иранските државни медиуми објавија фотографии од проектилот, наречен Фатах, на церемонија на која присуствуваа претседателот Ебрахим Рахиси и командантите на елитната иранска Револуционерна гарда.

Хиперсонични проектили можат да летаат со брзина најмалку пет пати поголема од брзината на звукот и на сложени траектории, што го отежнува нивното пресретнување. Минатата година Исламската Република објави дека произвела хиперсонична балистичка ракета која може да маневрира во и надвор од атмосферата.

Државната телевизија објави дека иранската ракета Фатах може да ги погоди „напредните противракетни системи на непријателот и е голем генерациски скок во областа на ракетите“.

„Може да ги заобиколи најнапредните антибалистички ракетни системи на САД и ционистичкиот режим, вклучувајќи ја и израелската железна купола“, соопшти иранската државна телевизија. Максималната брзина на Фатах достигнува 14 мах (15.000 км/ч), се додава.

И покрај противењето на САД и Европа, Исламската Република рече дека ќе продолжи да ја развива својата програма за ракетна одбрана. Но, западните воени аналитичари велат дека Иран понекогаш ги преувеличува своите ракетни способности.

Загриженоста за иранските балистички ракети придонесе за одлуката на тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година да се повлече од нуклеарниот договор потпишан во Техеран во 2015 година со шестр големи светски сили.

Индиректните преговори меѓу Техеран и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за спас на нуклеарниот договор, се во застој од септември минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk