logo
logo
logo

Ирак организира нови летови за враќање на мигрантите од границата со Белорусија

Vecer | 25.11.2021

Ирак организира нови летови за враќање на мигрантите од границата со Белорусија

Министерството за транспорт ќе организира „два итни лета во четврток навечер за евакуација на ирачките граѓани заглавени на белоруско-полската граница“, се вели во соопштението.

Двата авиони полеталњ од меѓународниот аеродром во Багдад за Минск, се додава во соопштението, без да се прецизира бројот на мигранти кои треба да се вратат дома.

Првиот авион со 185 луѓе треба да пристигне во Ербил по полноќ, а оттаму во Багдад, изјави за AFP Лак Гафури, портпарол на властите на Курдистан. Автономниот регион соработувал со федералните власти во Багдад за да го организира враќањето.

Пред една недела, 431 лице се вратија на првиот лет организиран од ирачката државна компанија Ирак ервејс, кој застанал во Ербил за да ги остави повеќето патници таму пред да слета во Багдад.

Откако започнала кризата ова лето, илјадници луѓе се натрупаа на белоруско-полската граница, позајмувајќи ги и трошејќи ги своите заштеди за да ја избегнат сиромаштијата во својата татковина и да стигнат до Западна Европа.

Илјадници од нив, вклучително и ирачките Курди, сè уште се блокирани во овој сектор.

Полските медиуми проценуваат дека најмалку десетина луѓе загинале од двете страни на границата.

Западот ја обвинува Белорусија дека вештачки создава криза со издавање визи за мигрантите со цел да се одмазди за западните санкции. Минск го негира обвинението, обвинувајќи ја Унијата дека не прифаќа мигранти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk