Ирак и Иран со здружени сили против санкциите на САД

Ирак и Иран ќе соработуваат за да ја зајакнаат меѓусебната трговија, изјави ирачкиот претседател Бархам Салих.

„Имаме блиска соработка со Иран и ќе продолжиме да ја развиваме“, соопшти Салих на прес-конференцијата по средбата со претседателот Хасан Рухани во Техеран.

„Време е да воспоставиме регионален систем кој ќе им служи на луѓето во регионот“, додаде Салих.

„Сакаме Ирак да биде место за примирје меѓу земјите од регионот, а не место за конфликт“, посочи Салих кој се осврна кон затегнатите односи меѓу САД и Иран.

Посетата на Салих во Иран е прва од страна на ирачкиот претседател откако тој беше изгласан минатиот месец. Рухани пак, изјави дека разговорите со неговиот колега биле во врска со соработката за енергија меѓу двете земји.

„Разговаравме за продолжувањето на пругата помеѓу иранскиот град Шаламџа и Басра во јужен Ирак“, вели Рухани. „Сакаме да го зголемиме тргувањето со Ирак на 20 милијарди долари годишно“, посочи претседателот на Иран.

Иран и Ирак се здружија по најновите санкции кои САД ги воведе против Иран.

САД воведе 45-дневна резигнација против Иран, како дел од новите санкции за природен гас и извоз на електрична енергија, соопшти американската амбасада од Багдад.

Ирак, земја која постојано се бори со недоволна генерација на електрична енергија, зависи од својот сосед и увозот на природен гас за своите електрани.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари