logo
logo
logo

Инцидент на аеродромот во Келн, со автомобил влетал во луѓето, има повредени

Vecer | 24.03.2023

Инцидент на аеродромот во Келн, со автомобил влетал во луѓето, има повредени

Неколку лица се повредени кога маж влетал со автомобил во неколку пешаци и автомобили во паркинг гаража на германскиот аеродром Келн-Бон во петокот, јави германската новинска агенција DPA.

Полицијата соопшти дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

Според германскиот таблоид Билд, мажот дал отпор при апсењето пред да биде совладан од полицијата. Во таа прилика биле повредени двајца полицајци, пишува Билд.

Останува нејасно колку се сериозни повредите на пешакот. Други детали за инцидентот се уште не се достапни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk