Инспекторскиот тим на ОПЦВ влезе во Дума

Организацијата за забрана на хемиско оружје, потврди дека нејзин тим влегол во сирискиот град Дума, каде беше извршен наводниот хемиски напад, објави „Раша тудеј“. Руското министерство за надворешни работи изрази загриженост поради плановите на инспекторите да посетат помал број на места и да разговараат со мал број на сведоци.

Инспекторскиот тим треба да собере примероци за анализа за наводното хемиско оружје употребено на 7 април. Тие соопштиле дека ќе ја проценат ситуацијата и ќе ги разгледаат идните чекори, вклучително и уште една можна посета на Дума.

Инспекторите заминаа за Дума 11 дена откако Дамаск испрати официјално барање до надзорниот орган за да изврши увид во областа, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Нивната работа беше спречена поради наводни ракетирања на Дамаск.

Москва очекува ОПЦВ непристрасно да го истражи наводниот хемиски напад во Дума. Сепак, плановите на мисијата да посети помал број на места поврзани со нападот и да испитаат помал број сведоци, сериозно ја зголемува загриженоста, предупреди Захарова.

Според неа, овие планови само демонстрираат неподготвеност за обелоденување на уште една провокација изведена со употреба на хемикалии, што им послужи како причина за воздушни напади на САД, Франција и Британија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари