logo
logo
logo

Инјектирани 1,5 милијарди дози вакцини ширум светот

Vecer | 19.05.2021

Инјектирани 1,5 милијарди дози вакцини ширум светот

Најмалку 1.500.017.337 дози на вакцини се инјектирани во 210 земји и територии низ светот, јавуваат француските медиуми повикувајќи се на официјалните извори, додавајќи дека речиси 60 проценти од овие дози биле употребени во три земји, Кина (421,9 милиони), САД (274,4 милиони) и Индија (184,4 милиони).

Според бројноста на населението во имунизацијата предводи Израел, каде речиси секој шестти од десет Израелци е целосно вакциниран. Потоа следат Велика Британија (54 проценти од населението добило барем една доза), Бахреин (50 проценти), САД (48 проценти), Чиле (47 проценти) и Уругвај (40 проценти).

Во Европската унија се инјектирани повеќе од 200 милиони дози или 32 проценти од населението, наведуваат француските медиуми, а тоа е процент што е далеку зад Малта (65 проценти од населението добило барем една доза) и Унгарија (49 проценти), како најдобри во имунизацијата меѓу 27-те земји членки. Најнаселените земји во ЕУ се движат околу просекот од 32 отсто: Германија (37 проценти), Франција (31 процент), Италија (32 проценти) и Шпанија (33 проценти).

Во Македонија со една доза вакцинирани се 10,3 проценти од целото население, или 1,6 проценти со две дози.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk