logo
logo
logo

Инфлацијата на цените на производството во Финска е најниска за речиси две години

Vecer | 24.03.2023

Инфлацијата на цените на производството во Финска е најниска за речиси две години

Индексот на цените на производителите се искачи за 9,2 проценти на годишно ниво во февруари, побавно од порастот од 10,7 отсто во претходниот месец.

Понатаму, последната инфлација беше најбавна од април 2021 година, кога цените се зголемија за 8,7 проценти.

Вкупниот раст на цените во февруари најмногу е предизвикан од повисоките цени на хартијата и производите од хартија, прехранбените производи и нафтените деривати во однос на минатата година, соопшти Заводот за статистика во Хелсинки.

Од друга страна, годишниот раст на цените е ограничен со падот на трошоците за основните метали, дрвото и сродните производи. Домашните производни цени во февруари се зголемија за 11,6 проценти на годишно ниво, додека оние на извозниот пазар пораснаа за 6,7 отсто. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk